Дома Фудбал Видео: Интер го губи здивот, испушти победа против СПАЛ

Видео: Интер го губи здивот, испушти победа против СПАЛ

Фудбалерите на Интер продолжија со лошата серија на резултати, откако попладнево испуштија победа во 90-та минута на гостувањето кај СПАЛ.

После апатичното прво полувреме во кое немаше големи возбудувања, Интер поведе на почетокот на вториот дел со автоголот на Викари.

И кога се чинеше дека „нероаѕурите“ конечно ќе дојдат до победа во последните минути од натпреварот Палоски го израмни резултатот после грешката на Миранда.

Ова е четврто реми едноподруго за Интер, а на победа „нероаѕурите“ чекаат од средината на декември. Најновото засилување Рафиња дебитираше, но во игра влезе во судиското надополнување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Андора прва на патот на фудбалерките кон повисок ранг во Лигата на нации

Македонските фудбалерки ќе го отворат циклусот во март 2027 со два домашни дуела. Во група…