Денешната програма во Премиер лигата беше отворена со натпреварот помеѓу Манчестер Сити и Евертон.
Евертон е тим кој може да им направи проблем на гигантите во Англија, па поради тоа се очекуваше интересен натпревар, а токму таков и гледавме. Во натпревар со четири погодоци, Манчестер Сити го совлада Евертон со 3:1.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Граѓаните“ до предност стигнаа после дваесетина минути игра преку Габриел Жесус. Поранешниот фудбалер на Барселона, Јери Мина испрати една лоша долга топка која стигна до фудбалерите на Манчестер Сити кои тоа знаеа да го искористат.
Ова беше и единствениот гол во првите 45 минути.
На самиот старт во второто полувреме, после пет минути игра Жесус го постигна својот втор гол и зголеми на 2:0. Евертон преку Калверт Луин во 65-тата намали на 2:1.
Веднаш по овој гол на противникот, Гвардиола на терен го испрати Рахим Стерлинг кој само после три минути стави точка со погодок за 3:1.