Дома Видео Видео: Елмас погоди за прва победа на Наполи во новата сезона

Видео: Елмас погоди за прва победа на Наполи во новата сезона

Вечерва тимот на Наполи на домашен терен ја пречека екипата на Венеција и славеше со резултат 2:0.

Тренерот на „Наполитанците“, Лучано Спалети одлучи Елиф Елмас да се најде клупата за резервни играчи на вечерашната пресметка, но не за долго.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во 23 минута домаќините останаа без еден играч на теренот поради црвениот картон на Осимхен, а во 35 минута Спалети одлучи да го внесе во игра Елмас како замена за Зиелински.

Мируваа мрежите во првото полувреме, во 56 минута беше досуден пенал за Наполи после играње со рака во казнетиот простор на Венеција, истиот не успеа да го реализира Инсиње.

Во 62 минута уште еден пенал за Наполи, повторно поради играње со рака, овојпат Инсиње беше прецизен и стрелаше за предност од 1:0.

Домаќинот кој ја имаше фаворитската улога успешно се справуваше на теренот и со играч помалку, и при таква ситуација дојде до уште еден погодок реализиран во 73 минута на Елмас кој направи еден дриблинг и успеа со убав удар да го пронајде патот до мрежата на финскиот голман Маенпаа. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…