Дома Видео ВИДЕО Експлозија по победата на Партизан во незаборавен меч против најголемиот ривал

ВИДЕО Експлозија по победата на Партизан во незаборавен меч против најголемиот ривал

Во одличен натпревар од 5. коло на Евролигата, Партизан го совлада градскиот ривал Црвена звезда со резултат 88:86. Беше навистина спектакуларен меч полн со пресврти, а по крајот на мечот дојде до вистинска експлозија во Арената.

Партизан го доби првото сезонско дерби против Црвена звезда во Евролигата. Беше 88:86, а по натпреварот имаше големо славје на навивачите и играчите на домашната екипа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Експлодираше белградската арена. Тие славеа со песна, а големо задоволство од триумфот изрази кошаркарот на Партизан, Данило Анѓушиќ.

“Тоа беше луд, луд натпревар. Покажавме дека треба да се бориме до самиот крај. Почнавме добро, потоа имавме пад. Тео покажа каков играч е и како ја контролира играта. За среќа, Алекса се прероди во вистински момент, но и сите други играчи придонесоа за победата“, рече Андушиќ и додаде:

“Важно е да се бориме без разлика на резултатот на почетокот. Тоа е најважно. Важно е целиот тим да биде фокусиран на победа. Имавме вистински тимски дух и тоа се одрази на поле“, истакна Анѓушиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Го знаете ли ритуалот кој го има Јокиќ пред секој натпревар во НБА?

Срспкиот кошаркар Никола Јокиќ игра уште една одлична сезона во НБА лигата каде што со сво…