Буцкастиот 32 годишник Еран Леви дебитираше за репрезентацијата на Израел во поразот на неговата репрезентација од Романија со 2:1 и со својата харизма и килажа го привлече вниманието на светските медиуми.
Играчот на Макаби Нетанја беше репрезентативец во младинските категории, но за деби во сениорската категорија мораше долго да чека.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Факт е дека стана вистински хит, не поради својот настап за Израел кој не беше спектакуларен, туку поради својата појава.
Дебелкото со барем дваесетина килограми вишок не покажуваше знаци на замор, а посебно интересен беше деталот кога скокна во прегратка на својот соиграч, после постигнатиот гол.
Хамед успеа да го издржа својот крупен колега Леви, а овој интересен момент можете да го погледнете на 2.52 во видеото со најинтересните моменти од овој натпревар.