Дома Фудбал Англија (Видео) „Граѓаните“ БЕЗ милост, Агуеро стигна до ХЕТ-ТРИК , Ливерпул „киксираше“!

(Видео) „Граѓаните“ БЕЗ милост, Агуеро стигна до ХЕТ-ТРИК , Ливерпул „киксираше“!

Со почеток од 16:00 часот во Премиер лигата се одиграа пет натпревари од петото коло, а најубедлива победа запишаа тимот на Манчестер Сити.

„Граѓаните“ одиграа фантастичен натпревар и запишаа победа 0:6 на гостински терен против тимот на Вотфорд. Серхио Агуеро кој постигна хет-трик во овој натпревар ја отвори серијата погодоци, во 28 минута од средбата, а само три минути подоцна истиот играч повторно ја погоди мрежата на домаќините. За убедливо водство уште на полувремето се погрижи Габриел Хесус во 37 минута од натпреварот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во вториот дел чуварот на мрежата на Вотфорд беше принуден уште три пати да ја вади топката од сопствената мрежа. Отаменди погоди за 0:4, Серхио Агуеро се погрижи за „петарда“ во 81 минута, а во финишот од натпреварот Рахим Стерлинг со удар од белата точка ги постави конечните 0:6.

Ливерпул после поразот од Манчестер Сити во претходното коло сега одигра само 1:1 против Барнли и тоа на домашен терен. Гостите беа тие кои први дојдоа до водство, Арфилд стрелаше во 27 минута, три минути подоцна фудбалерот кој беше избран за играч на колото во Лигата на шампионите, Мохамед Салах изедначи на 1:1 резултат кој се покажа и како конечен.

Во останатите три натпревари, Хадерсфил и Лестер одиграа 1:1, Њукасл славеше против Стоук со 2:1, додека ВБА и Вест Хем одигра натпревар без погодоци. Во терминот од 13:30 Саутемптон запиша гостинска победа од 0:1 против Кристал Палас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …