Во Лигата на шампионите во дресот на Јувентус блесна и напаѓачот на српската фудбалска репрезентација Душан Влаховиќ.
Тој беше најзаслужен за тоа што Јувентус и со играч помалку успеа да го сврти резултатот во второто коло од елитното натпреварување.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Лајпциг поведе во 30. минута со голот на Бенјамин Шешко, а пресвртот на Јуве започна во 50. минута.
Андреа Камбијасо го пронајде Влаховиќ кој брилијантно и со многу чувство ја затресе мрежата за 1:1.
Во 65. минута Лајпциг повторно дојде во водство преку Шешко кој стрелаше од пенал.
За работата да биде уште полоша за Јувентус, нивниот прв голман беше исклучен поради играње со рака надвор од шеснаесетникот.
Јувентус се најде во незавидна позиција, но не се откажа од позитивен резултат, а тоа донесе сериозен ефект. Најпрвин, во 68. минута Влаховиќ шутираше атрактивно и неодбранливо под гредата на Гулашчи, додека резервистот Консеисао направи целосен пресврт со една индивидуална мајсторија во 82. минута од натпреварот.
#UCL #RBLJUV
— تغطيات بورخا HD (@HD7455) October 2, 2024
تابع الحساب الاساسي : @CL0 pic.twitter.com/j2gxvlzzKf