Дома Фудбал Лига на шампиони ВИДЕО: Голеада во Турција, реми во Франција, Апоел поразен…

ВИДЕО: Голеада во Турција, реми во Франција, Апоел поразен…

Денес во рамките од квалификациите за Лигата на шампионите се одиграа девет натпревари.

Екипата на Астана одигра натпревар против Легија од Полска во кој домаќините славеа со 3:1. Астана заслужено дојде до победата тие беа подобриот противник во текот на целиот натпревар. Добрата игра ја крунисаа и со одличен резултат веќе во првото полувреме имаа предност од 2:0 со головите на Кабанага и Маевски. Во вториот дел Садику во 79 минута намали на 2:1, за конечните 3:1 да ги поставу Твумаси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Динамо Киев на свој терен запиша победа против Јанг Бојс исто така од 3:1. Јармоленко ги доведе Украинците во водство во 15 минута, Мбокани во 34 зголеми на 2:0, тоа беше и резултатот со кој се замина на полувреме. Во вториот дел погодоци видоме во финишот од натпреварот Фаснач во 91 минута погоди за намалување на предноста, но само две минути подоцна Гармаш погоди за 3:1 и одлична предност за Динамо пред реваншот.

Салзбург и Ријека одиграа реми со по еден погодок и на двете страни. Гаврановиќ ја доведе Ријека во водство во 30 минута од натпреварот, но на стартот на првиот дел Хванг Хе-Чан погоди за 1:1, резултат кој не се менуваше до крајот на средбата.

 

Бугарски Лудогрец забележа гостински пораз во Израел од екипата на Хапоел Бер Шева. Израелците запишаа победа од 2:0, што е одлична „залиха“ пред реваншот во Бугарија. Погодоците за домаќините ги постигнаа Нвкаме во 19 минута од средбата и Охана на десетина минути пред крајот на средбата.

Екипата на Апоел која често пати обезбедува настап во Лигата на шампионите или Лигата на Европа ќе мора да одигра далеку подобро на свој терен доколку сака да обезбеди пласман во плеј-офот од Лигата на Европа. Кипарскиот претставник запиша минимален гостински пораз во Романија против екипата на Виторул, единствениот гол на средбата беше дело на Кристиан Ганеа во 75 минута од средбата.

 

Словенски Марибор очекувано запиша минимална домашна победа против исландскиот претставник Хафнарфјорд. Голот за Марибор го постигна Таварес во 54 минута од средбата.

Шкотски Селтик иако беше фаворит на свој терен против тимот на Росенборг сепак не успеа да слави, овој натпревар заврши без погодоци 0:0. Освен што Селтик не успеа да слави, домаќините не беа ниту премногу доминантни на теренот, па доколку сакаат пласман во наредното коло во реваншот ќе мораат да одиграат далеку подобро.

Во можеби по звучноста на имињата на клубовите најинтересниот натпревар помеѓу Ница и Ајакс заврши без победник 1:1. Марио Балотели ги доведе Французите во водство во 32 минута од средбата. Тоа беше резултатот со кој се замина на полувреме, иако домаќините создадоа уште некоја шанса. Во вториот дел гостите ја превземаа иницијатива, а тоа се исплатеше Ван Де Баек погоди за израмнување во 49 минута од натпреварот. Сепак, иако Ајакс доминираше не успеа да стигне и до целосен пресврт.

И за крај натпреварот во кој видовме најмногу погодоци. Клуб Бриџ на домашен терен одигра 3:3 против турскиот претставник Басакешир.

Домаќините веќе во 16 минута од средбата имаа предност од 2:0, стрелци на головите беа Боневентуре и Денсвил. Белгиците на полувреме заминаа со два гола предност. Во вториот дел Басакешир прикажа далеку подобро игра. Најпрво Мосоро намали на 2:1, Холанѓанецот Елиа само пет минути подоцна изедначи, за Мосоро со својот втор гол во 74 минута да донесе и целосен пресврт. Конечните 3:3 ги постави Денсвил во 79 минута од средбата.

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Реал приреди епски пресврт и повторно е во финале🎥

Реал Мадрид се пласираше во финалето од Лигата на шампиони, откако после драма го победи Б…