Дома Останати Кошарка НБА Видео: Голден Стејт влезе во серија – блесок на Дурент

Видео: Голден Стејт влезе во серија – блесок на Дурент

Актуелниот НБА шампион Голден Стејт после неубедливиот почеток влезе во препознатливата форма и синоќа ја оствари третата победа во низа, откако го победи Денвер со 127:108.

Триото, Дурент-Кари-Грин беше нерешива енигма за домашниот тим. Кевин Дурент беше најефикасен во редовите на „Воините“, а средбата ја заврши со учинок од 25 поени и по седум скокови и асистенции.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Стивен Кари оствари дабл-дабл учинок со 22 поени и 11 асистенции, додека Дрејмонд Грин покрај 15 поени имаше осум скокови и седум асистенции.

Во домашниот тим, подобар од останатите беше Вил Бартон кој запиша 21 поен, осум скока и пет асистенции.

Сигурна победи извојува и Сакраменто против Детроит со 108-99, а Андре Драмонд со „дабл-дабл“ учинок од 16 поени и 19 скока беше најдобар поединец на средбата.

Резултати:
Детроит – Сакраменто 108:99
Чикаго – Њу Орлеанс 90:96
Минесота – Далас 112:99
Денвер – Голден стејт 108:127

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Срушен светскиот рекорд: Славниот Јапонец скокна скоро 300 метри!

Рујоу Кобајаши на специјално направената скокалница успеа да го сруши светскиот рекорд во …