Дома Фудбал Италија ВИДЕО: Во Русија заедно освоија сребро, а во вчерашното дерби имаа жесток дуел

ВИДЕО: Во Русија заедно освоија сребро, а во вчерашното дерби имаа жесток дуел

Фудбалерите на Јувентус вчера во дербито на 15-тото коло го победија Интер со 1:0 пред своите навивачи, а голот на одлука го постигна Марио Манџукиќ.

Интер одигра навистина добар натпревар во првото полувреме и имаше неколку одлични прилики за водство, но Јувентус некако успеа да не прими погодок.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Во продолжение од средбата домаќините превземаа иницијатива и успеаа да дојдат до победата, а во листата на стрелци се запиша Манџукиќ.

Во еден момент во натпреварот во центарот на вниманието беа токму тој и неговиот сонародник од спротивната страна Вршљако. Манџукиќ со лакт го удри Вршаљко, но тоа не сакаше да го признае бидејќи веруваше дека Вршљако него прв го фаулираше.

Сепак, на крајот од натпреварот следуваше пријателска прегратка од страна на напаѓачот на Јувентус.

mandzo

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…