Јувентус вчера во реваншот од 1/8 финалето на „Вембли“ го победи Тотенхем со 1:2.
„Петлите“ први стигнаа до водство преку Сон во првиот дел, а потоа во вториот дел Јувентус во период од само три минути постигна два погодоци преку Паоло Дибала и Гонзало Игуаин.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, во самиот финиш замрзнаа срцата на сите фанови на Италијанците. Хари Кејн шутираше со глава од непосредна близна, топката заврши во стативата за потоа да оди на работ на гол линијата пред да биде исфрлена.
Шанса која Англичаните сигурно нема лесно да ја заборават…