Дома Фудбал Англија (Видео) „Бомбата“ на Даниелс не беше доволна, Стерлинг погоди, па поцрвене во финишот!

(Видео) „Бомбата“ на Даниелс не беше доволна, Стерлинг погоди, па поцрвене во финишот!

После ремито против Евертон, тимот на Пеп Гвардиола се врати на победничките патеки.

Кога се ќе се собере „граѓаните“ заслужија да победат во овој натпревар, но домаќините имаа свои шанси да стигнат дури и до победа.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Први до водство дојдоа фудбалерите на Бурнемоут и тоа со вистинска бомба на Чарли Даниелс, голманот на Сити, Едерсон, во овој удар немаше апсолутно никакви шанси да направи нешто повеќе.

Сепак предноста на гостите не траеше долго, Габриел Хесус го искористи одличното проигрување од Шпанецот, Давид Силва и успеа да ја смести топката во мрежата на поранешниот голман на Челзи Асмир Беговиќ.

За нов гол се чекаше дури во финишот од средбата кога Рахим Стерлинг успеа да погоди за нова победа на „граѓаните“. Во финишот од средбата стрелецот на победничкиот гол заработи и исклучување.

После оваa победа  Манчестер Сити има учинок од две победи и едно реми, додека за домаќините ова е веќе трет пораз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Видете го „лудото“ славје на „Граѓаните“🎥

Манчестер Сити ја освои титулата во Премиерлигата, која беше четврта по ред. Гвардиола ста…