Дома Фудбал Видео: Болната гримаса на Кошчиелни не најавува ништо добро…Французинот сам се повреди

Видео: Болната гримаса на Кошчиелни не најавува ништо добро…Французинот сам се повреди

Арсенал вечерва го игра реваншот од полуфиналето во Лигата на Европа против Атлетико Мадрид (првиот натпревар заврши 1:1).

После само десетина минути игра, Арсенал и Венгер се соочија со тежок проблем – се повреди капитенот Лоран Кошчиелни.

Кошчиелни се повреди самиот без топка и без никаков дуел, најверојатно се работи за повреда на зглобот. Иако се уште е рано за било какви проценки според болната гримаса на лицето на Французинот и тоа што беше изнесен на носилки веројатно не станува збор за наивна повреда.

На местото на Кошчиелни во игра влезе Калум Чемберс.

Во продолжение погледнете го моментот кога се повреди капитенот на Арсенал.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Брегалница го избра Реџепи за пресврт по трите кола без победа

Џенгис Реџепи го презема штипскиот тим по разделбата со Мијалче Прошев. Новиот тренер доаѓ…