Во денешниот термин од 20:45 во шпанската Примера својот натпревар од 21 коло го одигра екипите на Барселона и Алавес.
Алавес кој се бори за опстанок во Шпанија долго време имаше предност против лидерот во првенството, но сепак Барселона на крајот успеа да стигне до трите бода.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Гостите беа тие кои први стигнаа до предност во 23 минута од натпреварот преку Гуидети. Домаќинот ја имаше топката во свој посед, но во првиот дел Меси, Суарез и друштвото не успеаа да го пронајдат патот до мрежата на Пачечо.
Конечно Барселона успеа да погоди и да изедначи во 72 минута од натпреварот преку Луис Суарез. Десетина минути подоцна на „Ноу Камп“ следуваше магија на Лионел Меси кој од слободен удар погоди за целосен пресврт и победа.
Барселона по оваа победа и по ова коло ќе ја задржи предноста од 11 бода во однос на Атлетико Мадрид.