Дома Фудбал Видео: Барса нокаутирана од Селта!

Видео: Барса нокаутирана од Селта!

Фудбалерите на Селта приредија големо изненадување во последниот меч од седмото коло во Примера, откако славеа против Барселона 4-3.

Селта против големиот фаворит успеа да ја забележи третата сезонаска победа со која се искачи на 10-то место на табелата, додека Барселона го запиша и вториот пораз и со 13 бодови е на четвртата позиција.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На Балаидос, домаќинот за само 11 минути во првиот дел, од 22-та до 33-та минута постигна три гола, преку Систо, Аспас и Матје кој го матираше својот голман.

Барселона успеа да се врати во мечот со головите на Пике и Нејмар постигнати во 58-та и 64-та минута.

Победата на Селта и ја подари голманот на Барселона Тер Штеген, кој во 77-та минута лошо исфрли една топка, која го погоди во глават Ернандез и заврши во неговиот гол.

До крајот Пике постигна уште еден гол, кој не беше доволен Барселона да го избегне поразот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…