Дома Фудбал Видео: Барса заборави да победува – едвај до реми на „Камп Ноу“

Видео: Барса заборави да победува – едвај до реми на „Камп Ноу“

Тимот на Барселона влезе во „црна серија“ и веќе три меча е без победа, откако попладнево одигра 1:1 против Атлетик Билбао на „Камп Ноу“.

Очигледно дека работите во Барселона не функционираат во најдобар ред, па Каталонците веќе трет натпревар се без победа.

Иако беа големи фаворити против Атлетик Билбао, сепак на крајот се спасуваа од пораз. Валверде се реши да го започне мечот без Лео Меси, а гостите го шокираа „Камп Ноу“ преку Маркос во 41-та минута.

Во второто полувреме Меси влезе во игра, Каталонците ја имаа комплетната иницијатива, создаваа шанси, но не успеаа да дојдат до предврт.

Во 84-та минута Мунир Ел Хадади на асистенција на Меси успеа да ја затресе мрежата и да ја спаси Барса од пораз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

СПЕКТАКУЛАРЕН ГОЛ: Погледнете еден од најубавите голови во историјата на фудбалот! 

Мигел Борја изведе мајсторија за паметење во големото мексиканско дерби меѓу Америка и Гва…