Вест Хем минатото коло беше поразен во градското дерби од Арсенал со 4:1 и се уште не го обезбедил опстанок во Премиер лигата.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Лондонскиот клуб не блеска оваа сезона, но изгледа дека тоа не им пречи многу на фудбалерите на овој клуб. Барем ако се суди според нивното расположение. Тоа најдобро го покажува снимката на Инстаграм која ја објави контроверзниот напаѓач, Марко Аранутовиќ.
Австриецот со српски корени се пофали во Вест Хем како слуша фолк музика од нашите простори, а покрај него воодушевен беше и Шпанецот Педро Обианг.
Песната на Драгана Мирковиќ ечеше во автомобилот на Обианг и беше забележително дека ужива во музиката.