Англија освои ноби три бода откако ја декласираше Панама со високи 6:1.
Херој на Гордиот Албион беше Хари Кејн кој постигна три гола, два пати ја затресе мрежата дефанзивецот Стоунс, а прекрасен гол постигна и Лингард.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Англија тргна фуриозно и веќе во 10-та минута го отвори резултатот со голот на Стоунс од корнер. Неколку минути подоцна Хари Кејн беше сигурен од белата топка, а во 34- минута најубавиот гол на мечот го постигна Лингард.
До крајот на полувремето уште еднаш погоди Стоунс, а неколку минути подоцна над него беше направен пенал, кој во гол го претвори Хари Кејн.
Во второто полувреме Хари Кејн го комплетираше хет-трикот и изби на првото место на листата стрелци, а на десетина минути пред крајот Панама преку Балој го постигна првиот гол на Светските првенства за радост на навивачите.