Дома Трансфер зона Видал проговори за својата иднина: Еве каде сака да игра!

Видал проговори за својата иднина: Еве каде сака да игра!

Во последно време многу се шпекулира за иднината на Артуро Видал, особено поради силниот интерес на клубовите од Премиер лигата.

Видал има договор на уште една сезона со Баерн, но германските медиуми пренесоа дека Баварците сакаат да го продадат за да направат место за Леон Горецка кој ќе пристигне од Шалке.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Овде се чувствувам одлично, моето семејство е среќно. Се разбира дека сакам да потпишам нов договор и да останам во Баерн. Ќе видиме какви се опциите“, изјави Видал.

„Има причина зошто играм во Баерн, затоа што сум еден од најдобрите фудбалери на мојата позиција“, нескормно додаде Чилеанецот.

Останува да видиме дали Баерн ќе му понуди нов договор во следните месеци или Видал ќе биде продаден на лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан ја плаќа клаузулата за Гираси

Фудбалерот на Штутгарт, Серу Гираси го привлече вниманието на многу европски клубови, а на…