Дома Трансфер зона Видал добива нов договор и станува еден од најплатените во Европа!

Видал добива нов договор и станува еден од најплатените во Европа!

Германскиот гигант спреми нов договор за Чилеанецот.

Екипата на Баерн има намера да ги отстрани сите дилеми околу иднината на Артуро Видал. Како што пренесува чилеанскиот весник „Меркурио“, екипата на Баерн за искусниот играч од средината спрема нов договор со важност до 2021 година и плата од неверојатни 15 милиони евра по сезона.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Тоа е зголемување за 20% со што Видал би станал најплатен играч во Баерн заедно со полскиот напаѓач Роберт Левандовски.

Сегашниот договор фудбалерот истекува летото 2019 година и Видал е расположен за соработка.

Случајност или не, Видал неодамна доби повик од Интер, но тој ја одби понудата на миланскиот гигант со образложение дека не сака да премине во Интер поради навивачите на Јувентус каде што настапуваше од 2011 до 2015 година.

Понудата на „нероаѕурите“ воопшто не беше мала, наводно тие биле спремни да платата 57  милиони евра, а тоа е 14 повеќе од она што го плати Баерн да го доведе на „Алијанц Арена“.

Видал изминатата сезона во дресот на Баерн одигра 41 натпревари и постигна девет погодоци.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед ја купува ѕвездата од Бундеслигата

Фудбалерот на Штутгарт, Серу Гираси е на мета на многу клубови ширум Европа. 27-годишниот …