Дома Фудбал Англија Веќе е познат главниот фаворит за наследник на Клоп?

Веќе е познат главниот фаворит за наследник на Клоп?

Како „гром од ведро небо“ денес одекна веста дека Јирген Клоп на крајот од сезоната ќе го напушти Ливерпул.

Веднаш се појавија шпеулации каде би можел да продолжи, германските медиуми го селат во Баерн на местото на Томас Тухел кој како што изгледа ги „троши кредите“ кај раководството. Името на Клоп и не е изненадување затоа што добро познато е дека Баерн секогаш сака да го има најдоброто од Германија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од друга страна во Ливерпул се наметнува едно име – Чаби Алонсо! Шпанецот создаде моќен Леверкузен кој е лидер во Бундеслигата, има договор, но и има клазула дека може да замине ако го побараат екипите каде што беше играч, а тоа се Ливерпул, Реал Мадрид и Баерн.

Значи, патот на Ливерпул е отворен, па се очекува токму тој да е најголемата желба. Леверкузен игра фантастичен фудбал сезонава,

Алонсо се наметна како предводник на новата генерација европски тренери и не би било преголемо изненадување ако во јуни го видиме на клупата на Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Влаховиќ е примарна трансфер цел на Арсенал

Раководството на Јувентус не исклучува продажба на Душан Влаховиќ на крајот на сезоната, п…