Вејн Руни ќе го напушти Евертон и тоа е јасно веќе подолго време.
Попладнево реномираниот „Скај Спорт“ открива и кога ветеранот и официјално ќе го напушти „Гудисон Парк“. Според „Скај Спорт“, Руни ќе го напушти Евертон и ќе потпише за американскиот ДЦ Јунајтед во следите 36 часа.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Двата клуба веќе постигнаа договор за трансфер на 32 годишниот фудбалер.
Се чекаше напаѓачот да добие виза и работна дозвола и според информациите Руни обезбедил се што е потребно и наскоро ќе ја започне новата авантура.
Во договорот помеѓу Евертон и ДЦ Јунајтед има ставка според која фудбалерот ќе се врати во клубот по завршувањето на кариерата како тренер.
Руни во својата 16 годишна кариера во Премиер лигата каде што го носеше дресот на Еверон и Манчестер Јунајтед настапи на 557 натпревари и постигна 253 погодоци.
BREAKING: Wayne Rooney's move to DC United from Everton is set to be announced within 36 hours. (Source: SkySports) pic.twitter.com/Or46aZ5y5H
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) June 26, 2018