Дома Фудбал Лига на шампиони Вечерта во која Фергусон призна: Не е срамота да изгубите од најдобриот тим (ВИДЕО)

Вечерта во која Фергусон призна: Не е срамота да изгубите од најдобриот тим (ВИДЕО)

На денешен ден пред девет години на „Вембли“ Барселона на Пеп Гвардиола во финалето од Лигата на шампионите го победи Манчестер Јунајтед со 3:1 со головите на Педро, Меси и Виља, за Манчестер Јунајтед почесниот гол го постигна Вејн Руни.

На полниот „Вембли“ Манчестер Јунајтед и Англичаните се надеваат дека нивниот клуб после 2008 година повторно ќе ја освои Лигата на шампионите, но Лео Меси не мислеше така. Аргентинецот го одигра еден од своите најдобри натпревари во кариерата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


После почетниот притисок на Англичните на теренот постоеше само еден тим, Барселона.

Јунајтед во тој момент не беше ниту блиску до Каталонците, дури ни кога изедначи од единствениот удар во рамките од голот во првиот дел преку Руни. Јунајтед кој до финалето прими само четири гола и во 12 натпревари не знаеше за пораз немаше шанси против ваква Барселона.

„Никогаш не сум играл против подобар тим. Никој нас не не намачи како тие затоа не е срамота да се изгуби во Барселона, тие се најдобриот тим во овој момент. Никако не успеавме да го запреме Меси“, изјави Сер Алекс после натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Анчелоти ќе комбинира со составот против Барселона?

Фудбалерите на Реал Мадрид во недела ја пречекуваат Барселона, а Карло Анчелоти размислува…