Како гром од ведро небо дојде веста од Лондон дека Тотенхем се решил да го отпушти Маурисио Покетино.
Оваа вест доаѓа во навистина чудно време затоа што раководството на клубот имаше време да го отпушти Покетино уште на почетокот на интернационалната пауза, но се решија тоа да го сторат на нејзиниот крај, па сега нема да имаат многу време за маневар во пресрет на следниот натпревар на Тотенхем против Вест Хем.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Со Маурисио Покетино ќе си заминат и сите кои беа во неговиот стручен штаб, Хесус Перез, Мигел Дагостино и Антони Хименез.
„Искрено не бевме баш подготвени да ја направиме оваа понуда и тоа не е одлука која одборот ја донесе на лесен начин. Резултатите во домашното првенство на крајот на минатата и почетокот на оваа сезона беа разочарувачки. Ова го нарпавивме во интерес на клубот“ –изјави Даниел Леви.
Тотенхем во моментов е на 14 позиција на табелата, шест поени над зоната на испаѓање и дури 11 далеку од Топ 4.