Вечерва од 23:00 часот на Спорт Клуб 1 ќе можете да го погледнете филмот посветен на неверојатната кариера на Мирослав Ќиро Блажевиќ.
Прославениот харизматичен тренер почина дене на 88-годишна возраст после долгата борба со ракот. Во филмот Ќиро не води со една искрена, интересна, а на моменти и шокантна животна приказна.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Се појавуваат дури 30-тина соговорници кои добро го познаваат Ќиро и кои соработуваа со него во најважните фудбалски битки.
Поголемиот дел на работи до првото излегување на филмот до пред една година на пошироката јавност и беа непознати. Приказните за војната, дружењето со Чарли Чаплин, како и многу други работи нема да ве остават рамнодушни.