Дома Фудбал Италија Вечерва испратена јасна порака до Вентура: Спиеш ли мирно? (Видео)

Вечерва испратена јасна порака до Вентура: Спиеш ли мирно? (Видео)

Во двомечот помеѓу Италија и Шведска, Лоренцо Инсиње на теренот мина вкупни 14 минути, без оглед на тоа што фудбалерот на Наполи моментално игра најдобро во досегашната кариера.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Сега веќе некогашниот италијански селектор, Џампиеро Вентура во првиот меч во Стокхолм го внесе Инсиње во 76. минута, а во реваншот воопшто не му понуди шанса да игра, иако Италија требаше со сите сили да тргне кон победа.

Се заврши 0:0, Инсиње остана на клупата, Италија не се пласираше на СП, а Вентура заработи отказ.

За десетина дена по историскиот неуспех на Италијаните, Инсиње прво погоди против Милан во победата од 2:1, а вечерва постигна спектакуларен гол против Шахтјор во ЛШ.

Мајсторијата на Инсиње навистина вреди да се види, а веројатно ја виде и Вентура кој очигледно не знаеше каков играч имаше на клупата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Роналдо и Сергеј беа сведоци на невиден хаос: Брутална тепачка во ВИП ложата (Видео)

Големото дерби на саудискиот фудбал помеѓу Ал Наср и Ал Хилал беше обележано со сериозен и…