Како и што вчера беше потврдено, денес Томислав Кушан го комплетираше трансферот во Вецлар.
Трансферот вчера го потврди Еурофарм Пелистер, а денес тој беше претставен во Вецлар каде што ќе биде замена за Патрик Гемп кој се здоби со повреди, ги скина вкрстените лигаменти на коленото.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Со Вецлар Кушан потпиша договор до сезоната 2022/2023.
„Среќен сум што доаѓам во Вецлар. Убаво е чувството затоа што знам дека ќе играм во најсилната лига во светот и сакам побрзо да се стекнам со позиција во Германија за да му помогнам на клубот“, истакна Кушан на претставувањето.
Ќе потсетиме во Вецлар е искусниот македонски репрезентативец Филип Миркуловски.