Дома Трансфер зона Ветеранот на Арсенал се враќа од пензија, следна дестинација Шпанија?

Ветеранот на Арсенал се враќа од пензија, следна дестинација Шпанија?

flamini

Поранешниот репрезентативец на Франција, Метју Фламини, има намера  да се врати на фудбалските терени после шестмесечна пауза.

Фламини минатата сезона ја помина во дресот на Кристал Палас кој му понуди нов договор по истекот на истиот, а од тој момент е слободен фудбалер.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Некои меидуми пренесуваа дека Фламини пред неколку недели се понудил на Јувентус, но според денешните информации тој е најблиску до преминување во Шпанија, поточна во Ла Лига 2.

За неговите услуги наводно интерес покажал шпанскиот клуб Рајо Ваљекано кој е спремен да му понуди договор, пренесува „Радио Марка“.

Рајо во овој момент се наоѓа на осмата позиција во втората шпанска лига со пет бодови помалку од лидерот Хуеска, а сигурно дека фудбалер како Фламини би дал огромен придонес за овој клуб.

Францускиот фудбалер во наредните неколку денови би требало да пристигне во Шпанија за да ги договори последните детали со челниците на оваа екипа.

Фламини својата кариера ја започна во Марсеј, а подоцна настапуваше за Арсенал, Милан и Кристал Палас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Лукас Пакета може да биде летната „бомба“ од 100 милиони евра во Премиер лигата

Лукас Пакета потенцијално би можел да биде една од летните бомби во Премиер лигата. Бројни…