Дома Трансфер зона Вест Хем ја купи ѕвездата на Виљареал

Вест Хем ја купи ѕвездата на Виљареал

Вест Хем е на чекор од големо засилување откако постигна договор со Виљареал за трансфер на Пабло Форналс за 27 милиони евра, пренсува „Марка“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лондонскиот клуб се обиде да го донесе играчот за врска уште во јануари, но Форналс тогаш одлучи да остане во Виљареал и да му помогне во борбата за опстанок.

Форналс имаше откупна клаузула од 35 милиони евра, но „жолтата подморница“ ја прифати понудата на Вест Хем од 27 милиони евра.

За Форналс силен интерес покажаа уште Арсенал и Наполи, но Вест Хем понуди најмногу и ја победи конкуренцијата.

Играчот за врска одигра одлична сезона, постигна 5 гола и запиша 6 асистенции, а во наредните денови се очекува да пристигне во Лондон на лекарски прегледи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…