Дома Фудбал Вест Хем погоден од коронавирус – осум фудбалери со симптоми

Вест Хем погоден од коронавирус – осум фудбалери со симптоми

Осум фудбалери на Вест Хем имаат симптоми на коронавирус и се наоѓаат во самоизолација низ што мина и менаџерот Дејвид Мојс од почетокот на март.

Поради контакт со заразениот колега во Арсенал, Микел Артета, Мојс мораше да се изолира, но непосредно пред тоа остварил контакт со неколкумина од играчите и на тој начин го пренел вирусот.

 Англиските медиуми се уште не знаат за кои осум фудбалери станува збор во отсуство на официјална потврда за новонастанатата ситуација кај „чеканите“.

Потпретседателот на Вест Хем, Карен Брејди, потврди дека дури осум членови на првиот тим ги почувствувале симптомите на Ковид-19 и заедно со своите семејства веќе се во изолација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал не сака да чека: Подготвува нов договор за Раја

Давид Раја има договор до 2028 година, но Арсенал наводно планира разговори за подолга сор…