Португалецот би требало да пристигне на позајмица во Лондон.
Вест Хем после катастрофалното отварање на сезоната под водство на Дејвид Мојс започна да прикажува подобри настапи и се стабилизираше на средина од табелата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа, Шкотот се уште не е задоволен од својата екипа, а посебно со изборот на фудбалери за врска.
Италијанскиот спортски новинар, Алфредо Педула пренесува дека Жоа Марио се договорил со Вест Хем како и дека договорот помеѓу клубовите блиску.
Би станувало збор за позајмица и договор според кој освен што Вест Хем ќе ја превземе платата на Португалецот ќе му плати и одредена сума на Интер.