Англиските медиуми пренесуваат дека Вест Хем и Бенфика постигнале конечен договор за трансфер на младиот Жедсон Фернандеш.
Младиот португалски фудбалер е предмет на интерес на Челзи и Вест Хем, а „чеканите“ испратија подобра понуда која Бенфика ја прифати.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Фернандеш ќе се пресели во Лондон на 18-месечна позајмица со задолжителен откуп за 33 милиони фунти.
Челзи испрати понуда за позајмица и право на откуп за 55 милиони фунти, но само доколку фудбалерот одигра 50% од натпреварите на „Стенфорд Бриџ“.
Сепак, од португалскиот клуб веруваат дека Фернандеш нема да добива голема минутажа во Челзи и дека тоа нема да ја повлече откупната клаузула по крајот на едно и пол годишната позајмица.
Се очекува утре Фернандеш да пристигне во Лондон на лекарски прегледи, а потоа и официјално ќе стане нов играч на Вест Хем.