Дома Топ вести ВЕСТ НА ДЕНОТ: Меси го отпиша Нејмар?!

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Меси го отпиша Нејмар?!

Сите добро знаеме што се случува кога некој од Барселона ќе влезе во конфликт со Лионел Меси.

Ако до сега имаше дилеми, повеќе нема, иако можеби по малку е смешно, но во пракси изгледа навистина поинаку.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лионел Меси ги избриша сите фотографии на својот Инстаграм профил на кој беше во друштво со Нејмар и тоа очекувано стана вест на денот и практично потврда дека Меси и Нејмар не се во добри односи.

Каталонски „Спорт“ денес пренесув екслузивна информација дека Меси и Луис Суарез го убедувале Нејмар да остане и дека Бразилецот на почетокот се согласил, но подоцна ја променил одлуката.

Меси и Суарез јасно му порачале на Нејмар: „Не можеш сега да не оставиш“, по што Нејмар им ветил дека нема, но потоа изгледа Бразилецот го прекршил дадениот збор.

Потврда за тоа, без разлика колку и да звучи смешно, може да биде профилот на Меси на Инстаграм на кој повеќе не може да се најде слика од Нејмар.

Исто така денес во шпанските медиуми пристигнаа информации дека таткото на Нејмар после вчерашниот натпревар против Јувентус во кој неговиот син постигна два погодоци, имал завршни преговори со управата на Барселона.

Нејмар сениор изгледа одлучил и го убедил својот син дека подобро му е да стане ѕвезда на ПСЖ и да заработува 40 милиони евра по сезона, отколку да остане во Каталонија. Единствено не е познато како го убедил дека во ПСЖ полесно би ја освоил Златната топка отколку во Барселона.

Како и да е, после овој потег на Меси, веруваме дека реализацијата на трансферот е само прашање на време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Трофејот во Лига Европа? За мене успех е што го елиминиравме Ливерпул“

За тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини, елиминацијата на Ливерпул во четврт-финалето …