Дома Фудбал Останато Веста за големото добро дело на Роналдо во Палестина е лага!

Веста за големото добро дело на Роналдо во Палестина е лага!

Веста за хуманиот гест на Кристиано Роналдо објавена од страна на бројни светски медиуми е – лага!

Веста се појави на 14-ти мај и беше пренесена од скоро сите поголеми спортски медиуми и светот поверува дека Роналдо донирал 1.5 милиони евра за да ги нахрани гладните Палестинци за ифтар.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кога „Lead Storiies“ ја контактираше агенцијата на Роналдо потврдено е дека информнацијата е измислиена како и многу други вести во денешното време на интернетот.

Роналдо навистина во изминатите години учествуваше во многу хуманитарни акции, но оваа приказна се покажа дека е лажна и некој сакал само да го искористи името на Роналдо за веројатно нешто да заработи.

Во лажната вест пишуваше:

„Кристиано Роналдо важи за еден од најхуманите личности на светот. Често пати донира многу пари за да им помогне на луѓето. Сега Кристиано помогна на Палестина. Според информациите тој донирал 1.5 милиони евра за сиромашните Палестинци да имаат храна за ифтар“.

Кога оваа вест стана јавна голем број муслимани му се заблагодаруваа на Роналдо, но подоцна се покажа дека тоа не е вистина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…