Дома Македонски спорт Мак ракомет Веспрем поразен од Кил во ЛШ, иако Манасков имаше добра партија

Веспрем поразен од Кил во ЛШ, иако Манасков имаше добра партија

Унгарски Веспрем запиша пораз од гостувањето кај Кил во рамки на Лигата на шампионите со 22:20.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во 11. коло тимот на нашиот Дејан Манасков беше поразен, а тоа се чини беше познато уште од самиот старт на мечот.

Имено, првото полувреме Кил го доби со пет погодоци позитива, односно 14:9, а во продолжението иако Веспрем се доближи не успеа да дојде до пресврт, па оттаму и конечните 2 погодоци разлика во корист на германскиот состав.

Нашиот интернациоаналец на мечот запиша четири погодоци.

Инаку покрај Веспрем и Кил, на денешниот програм силите ги одмерија и Мешков Брест и Алборг кои ремизираа 23:23.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Червар се поклони пред Лазаров: Нема друг како него, најдобар е на сите времиња!

Лино Червар, кој од следната сезона ќе седне на клупата на Пелистер, без двоумење го избра…