Дома Фудбал Англија Венгер ќе мора да се збогува со уште еден клучен играч во составот – Причината е повреда!

Венгер ќе мора да се збогува со уште еден клучен играч во составот – Причината е повреда!

Како што пренесуваат медиумите на Островот, Санти Казорла по се изгледа ќе се збогува наскоро со Арсенал, иако беше клучот за добрата игра на составот од Лондон.

Казорла на екипата и донесе сигурност и фантастична игра по средината на теренот, а тоа го потврдува и фактот дека откако се повреди нивото на игра кај Арсенал стана непрепознатливо. На негово место играа Џака, Елнени, Ремзи и останатите, но тоа не вроди со плод.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


32-годишниот фудбалер би можел да го напушти Арсенал, а единствената причина за тоа е повреда. Сигурно се сеќавате на изјавата на Арсен Венгер кој не знаеше кога Казорла повторно ќе се најде на теренот, а „Експрес“ денес пренесува дека голема е веројатноста тој да не може да заигра цела сезона.Како што се наведува комплетното закрепнување од повредата која ја заработи во октомври минатата година, би можело да се очекува кон крајот на април.

Шпанецот наиде на многу компликации во периодот на закрепнување и единствено е јасно дека е далеку од брза рехабилиитација. Имајќи предвид дека тој има договор до јуни 2018. година, веројатно нема да игра за првиот тим на Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Баерн преку Арсенал до полуфинале🎥

Баерн Минхен обезбеди полуфинале во Лигата на шампиони откако со минимални 1:0 славеше про…