Дома Фудбал Додека за Мбапе и друштвото имаше свирежи, една легенда „Бернабеу“ вчера ја поздрави со силни овации (Видео)

Додека за Мбапе и друштвото имаше свирежи, една легенда „Бернабеу“ вчера ја поздрави со силни овации (Видео)

Иако присутните на “Сантијаго Бернабеу” беа повеќе расположени за свирежи кон домашните ѕвезди, особено кон Килијан Мбапе, навивачите на Реал Мадрид вчера со огромни овации го поздравија влезот на легендарниот играч од средниот ред на Овиедо, Санти Казорла (41) во текот на натпреварот.

Се играше 54. минута кога Казорла влезе во игра. Во тој миг, целиот стадион стана за да му даде признание на шпанскиот мајстор, кој би можел да ја заврши својата блескава кариера на крајот од оваа сезона.

Навивачите на Реал не беа единствените што го признаа неговиот успех. Дури и ѕвездите како Дани Карвахал и Џуд Белингам станаа од клупата за да му аплаудираат на овој фантастичен играч од средината на теренот.

Казорла е личност која ја освои љубовта и почитта на целата спортска јавност во Шпанија, и тоа не само поради неговиот талент. Тој е симбол на непоколеблива упорност поради начинот на кој надмина сериозни повреди кои му се закануваа да ја прекинат кариерата, но на крајот не успеаја да го сопрат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лудница во Грција: 100.000 навивачи чекаат билети за натпреварите со Холандија и Германија!

Грците не биле вакви возбудени за фудбал уште од моментот кога го освоија Европското првен…