Дома Фудбал Останато Венгер: Со Суперлигата сакаат да ја уништат Премиер лигата

Венгер: Со Суперлигата сакаат да ја уништат Премиер лигата

Легендарниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, остро реагираше на најавите за можното основање на Европската Суперлига.

Венгер смета дека овој проект може директно да и наштети на Премиер лига.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Премиер лигата е надмоќна. Останатите првенства сакаат да ја уништат таа надмоќ. Најдобро тоа ќе го направат со креирањето на европската Сулерлига. Тоа сигурно ќе ја уништи Премиер лигата на Англија“, изјави Венгер.

 На новинарско прашање дали Супер лигата е само финансиски проект, Венгер одговори.

„Тоа е и фудбалски проект, но се наоѓаме во ера во која сопствениците на клубовите воедно се и инвеститори. А првата цел на инвеститорот е да генерира уште повеќе пари. Суперлигата, од таа перспектива, можеби е само начин да се заработат повеќе пари“, заклучи Венгер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Оваа земја не го сака ВАР: Никогаш нема да го воведеме

Најдобрите лиги во Шведска нема да воведат систем за видео анализа (ВАР) откако фудбалскит…