Микел Артета ќе биде новиот менаџер на Арсенал, тврдат медиумите на Островот.
Овој 37-годишен стручњак ги договорил сите услови околу превземањето на лондонскиот тим и самостојна менаџерска кариера ќе ја почне на клупата на тимот за кого некогаш играше.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Со коментар денес излезе и легендарниот тренер на „топџиите“, Арсен Венгер кој тврди дека недостатокот на искуство може да биде проблем за Артета.
„Микел Артета има неверојатна иднина пред себе си. Тој научи многу како помошник, но во Арсенал ќе се соочи со недостаток на искуство на тоа ниво. Мојот совет е да оформи одличен тренерски тим околу себе“, изјави Венгер.
„Арсенал поминува низ тежок период во моментов. Го знам тоа и јас патам исто како и сите фанови на клубот“.