Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер не го криеше задоволството од победата против Милан на „Сан Сиро“, но предупреди дека неговиот тим се уште го нема осигурано пласманот во четвртфинале.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Ја искористивме нашата брзина во првиот дел, додека по паузата се повлековме и бевме исплашени. Беше многу важно за нас да победиме во Милано, но се уште не сме квалификувани во следната фаза, изјави Венгер.
„Што мислам за Милан на Гатузо? Мислам дека тој завршил одлична работа, демонстрирајќи карактер и дух. Се уште не сме во четвртфинале. Овој резултат ни дава сериозна предност, но не е се завршено. Треба да се концентрираме на реваншот“, изјави Венгер.