По повод поврзувањето со тренерското столче во Баерн се огласи и Арсен Венгер.
Францускиот тренер Арсен Венгер не ја отфрли можноста да седне на клупата на Баерн Минхен кој е во потрага по тренер откако Нико Ковач доби отказ.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Телевизијата „беИН Спорт“ го запраша Венгер дали е заинтересиран за работата на Баерн.
„Секако. Тренерската работа беше мој живот до сега. Сите кои се занимавале со тренерска рабтоа ќе ви го кажат истото. Ви недостасува интезитет, некои работи ви недостасуваат, а некои не. Фудбалските натпревари, победувањето во натпреварите, припремите за истит, задоволството, емоциите“…Изјави Венгер за „Скај“.
Венгер е без тренерски ангажман од минатата година кога после 22 години го напушти Арсенал.