Бившиот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер се очекува да му се врати на фудбалот следниот месец, пренесуваат англиските медиуми.
Според „Тајмс“ Венгер има четири понуди, но ниту една од тие не е од клубот од Премиер лигата.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Првата понуда е од Пари Сент Жермен, но таа е за позиција спортски директор. Другата понуда е за селекторска функција, а останатите две се од водечки европски клубови. Не се откриваат имиња, но во последно време Венгер се поврзуваше со клупите на Баерн Минхен, Милан и Реал Мадрид.
Пред извесно време Венгер изјави дека ќе му се врати на фудбалот после Нова година. Англиските медиуми тврдат дека Французинот нема да чека до лето и дека во текот на оваа сезона ќе седне на некоја клупа.