Дома Трансфер зона Венгер повторно ги ЛУТИ фановите – Замената за Озил пристигнува од Турција?

Венгер повторно ги ЛУТИ фановите – Замената за Озил пристигнува од Турција?

wenger

Ова нема да им се допадне на навивачите на клубот од „Емирати“.

Германецот Месут Озил е на чекор од заминување од редовите на „топџиите“. Договорот на Озил истекува на крајот од сезоната, преговорите за нов договор сеуште не се започнати и би требало да се случи чудо за репрезентативецот на Германија и наредната сезона да го носи дресот на Арсенал.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Прашање на време е само кога ќе го напушти тимот, дали во јануари или на лето, а Арсенал веќе е во потрага по негова замена.

Венгер не би бил Венгер доколку како замена за Озил доведе некое скапо засилување, тој како и секогаш има свое решение.

Имено, како што пренесуваат одредени медиуми во Англија на радарот на Арсенал се најде фудбалер кој дел од младинската кариера помина во редовите на клубот од северен Лондон, репрезентативецот на Турција, Огужан Озјакуп.

Озјакуп беше дел од академијата на „топџиите“, но во 2012 година беше продаден на Бешикташ за сума од 400.000 фунти.

ozjakup

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…