Дома Фудбал Англија Венгер открива: Бев многу, многу блиску до потпис со Роналдо, имавме понуда и за Меси!

Венгер открива: Бев многу, многу блиску до потпис со Роналдо, имавме понуда и за Меси!

wenger messi ronaldo

Арсен Венгер заминува од Арсенал и тоа е добро познато, а пред своето заминување Французинот одговараше на прашањата на навивачите.

Венгер помина цели 22 години на кормилото на Арсенал и сигурно дека има многу што да каже за тој период поминат во клубот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Познато е дека навивачите на Арсенал освен послабите резултати во последно време, многу му замеруваат и по неговата навика да не троши премногу, а да продава некои од најдобрите играчи на тимот.

Сега Венгер сигурно на изненадување на многумина откри дека бил многу блиску во Арсенал да го доведе Кристиано Роналдо!

„Малку недостасуваше да го доведам Роналдо. Доколку тој трансфер беше реализиран сигурно историјата на Арсенал не би била иста. Можам да потврдам дека бев навистина многу, многу блиску до потпис со Кристиано Роналдо“, беше одговорот на Венгер на прашањето за кој трансфер (нереализиран) најмногу жали.

Но, тука не заврши Французинот Венгер откри и дека клубот при трансферот на Фабрегас им понудил договори на Лионел Меси и Жерар Пике.

„Во овој контекс можам да го споменам и Меси, да бевме заинтересирани. Во времето кога го доведовме Фабрегас договори им понудивме уште Меси и Пике, но истите за жал не бе прифатени од нивна страна“, откри Венгер.

Замислете само каков Арсенал би бил тоа доколку плановите на Венгер биле реализирани со Пике, Меси, Роналдо…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Победи на Белградскиот маратон, за малку ќе поставеше и рекорд – па се сруши на патеката!

Кениецот Гилберт Кимплетинг Чумба победи на Белградскиот маратон кој се одржа денес со вре…