Дома Фудбал Останато Венгер одржал таен состанок – познат неговиот нов клуб?!

Венгер одржал таен состанок – познат неговиот нов клуб?!

Французинот се уште чека на нов ангажман.

Арсен Венгер минатото лето го напушти Арсенал после 22 години, но истакна дека тоа не значи дека заминува од фудбалот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Изјави дека ќе се врати на тренерската работа, но не во Премиер лигата поради неговата преголема поврзаност со Арсенал. Се шпекулираше за бројни клубови.

Самиот во едно интервју потврди дека го одбил Реал Мадрид, но се споменуваше и Пари Сен Жермен.

Сепак, во татковината му нудат разни опции, но изгледа дека сепак немал понуда да биде прв тренер.

Во Париз во Венгер гледаат идеален кандидат за местото спортски директор, а се дополнително добива на тежина ако се земе предвид дека тренерот Томас Тухел не се сложува најдобро со спортскиот директор на „светците“, Антер Енрике.

Гласините се зголемија кога Венгер неодамна имал таен состанок со првиот човек на францускиот клуб, Насер Ал Келаифи.

al kelaifi

Венгер наводно бил негов гостин во ложата на ВТА турнирот во Доха. Келаифи е претседател на тенискиот сојуз на Катар.

Не е познато за што разговарале, но секако се претпоставува дека нивниот состанок би требало да биде чекор понапред кон враќањето на Венгер во фудбалот.

Тој одбиваше во медиумите да ги коментира поврзувањата со ПСЖ во претходните месеци, истакна дека не би сакал да се занимава со работата спортски директор и дека сака да продолжи да работи како тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…