Арсен Венгер после 22 години одлучи да го напушти кормилото на Арсенал, а англиските медиуми тврдат дека би можел да седне на клупата на друг европски клуб.
Венгер заминува од Арсенал една година пред истекот на неговиот договор, па се очекува да добие голема отштета од лондонскиот клуб.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Французинот нагласи дека неговото заминување од Арсенал не значи и повлекување од фудбалот, а англиските медиуми тврдат дека бил приморан да замине за да не добие отказ.
Европските медиуми сега пренесуваат дека Венгер, од наредната сезона би можел да биде претседател на новиот првак на Франција, Парис Сен Жермен.
Идејата на управата на клубот од „Паркот на принцовите“ е Тухел од лето да биде шеф на стручниот штаб на тимот, а искусниот Венгер да стане претседател, бидејќи има голем авторитет и контакти во фудбалскиот свет.
Останува да видиме дали Венгер е подготвен за нова улога во фудбалскиот свет, или пак ќе продолжи да тренира некој друг тим.
Arsène Wenger was paid £11m to stand down one year early with the club desperate to return to the Champions League. (Source: Sun Sport) pic.twitter.com/F0RMvwdJNQ
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) April 22, 2018