Фановите на Арсенал посакуваат нов тренер. Унаи Емери за картко време стана омразена личност на „Емирати“.
Пристигна ова лето како наследник на Арсен Венгер, но на некогашниот тренер на ПСЖ му беа потребни 200 минути на клупата на Арсенал да добие пораки кои навивачите на Венгер му ги подготвија по 15тина години.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Арсенал беше пораз од Манчестер Сити во првото, па од Челзи во второто коло, а денес на стартот од првиот дел губеше од Вест Хем со 1:0, иако подоцна израмни.
Тимот од Северен Лондон не е таков каков што очекуваа навивачите, и евидентно веќе сега е далеку од битката за титулата, па веќе почнаа кампањи против него и се бара од него да го напушти клубот.
„Емери благодариме за спомените, но време е да заминеш“, порачаа навивачите на Арсенал.
Soon? ? pic.twitter.com/fkxrGjIo84
— B/R Football (@brfootball) August 25, 2018