Легендата на Арсенал, Јан Рајт смета дека менаџерот на „топчиите“ Арсен Венгер не го напуштил клубот по своја желба.
Венгер во текот на вчерашниот ден потврди дека неговиот престој во лондонскиот клуб после 22 години завршува на крајот на оваа сезона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тиери Анри претходно истакна дека има помешани чуства и дека не очекувал дека Венгер ќе си замине сега. Имаше и дел од навивачите кои застанаа во одбрана на Венгер, но сепак поголемиот дел бараше тој да си замине.
„Арсен Венгер е човек со принципи и човек со интегритет. Поради тоа сум убеден дека не си поднел сам оставка“, изјави Рајт за „Евенинг Стандард“.
Рајт наведува дека Французиот би го издржал притисокот од навивачите и не би си заминал пред истекот од договорот.
„Претпоставувам дека нема да дознаеме кој е одговорен бидејќи одговорните секогаш ќе се кријат. Венгер имаше конференција за медиумите на која не најави ништо вакво, а веќе следниот ден објави дека заминува. Во секој случај може да ја подигне главата. Без оглед на тоа какви се неговите резултати треба да биде испратен како легенда на Арсенал“, смета Рајт.