Сезоната која завршува е фантастична за премиерлигашките клубови.
Во двете европски натпреварувања, Лигата на Европа и Лигата на шампионите ќе гледаме англиски финалиња. На 29-ти мај во Баку за трофејот во Лигата на Европа ќе играат Челзи и Арсенал, додека на 1-ви јуни за најпосакуваниот трофеј во Европа, оној во Лигата на шампионите ќе се борат Тотенхем и Ливерпул.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ова е прв пат во историјата во двете европски натпреварувања да има четири финалисти од иста држава.
Сега во јавноста на оваа тема зборуваше човекот кој долги години работеше во Премиер лигата и сега е без ангажман, Арсен Венгер. Венгер објасни зошто според него Англичаните имаа ваква сезона.
„Најпрво, верувам дека луѓето во Англија одлично работеа. Второ, тоа е последица на финансиската моќ на клубовите од Англија и паѓањето на силните европски клубови. Да објаснам. Оние играчи од клубовите кои го водеа главниот збор во Европа остареа и не беа во позиција да прават разлика на теренот. Пример, Рибери и Робен немаа физичка спремност како во претходните години. Исто и во Барселона каде, Реал го изгуби Роналдо, во Јувентус остареа играчите во одбраната, а и Буфон повеќе не беше таму. Поради ова сигурен сум дека ќе имаме супер интересен трансфер период“, изјави Венгер.