Легендарниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер, неодамна ја објави својата автобиографија, во која не го спомена својот голем ривал Жозе Мурињо.
„Специјалниот“ тоа го искоментира во свој стил и изјави дека не го споменал бидејќи Венгер никогаш не го победил во меѓусебните дуели.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Не сум во книгата бидејќи никогаш не ме победил. Нема да имаш посебно поглавје за 12 или 14 натпревари во кои не си победил“, изјави Мурињо.
Не се чекаше долго на одговор од страна на Венгер кој имаше што да му каже на Португалецот.
„Не ме интересира. Тоа е постојано провоцирање. Се чувствувам како да сум во градинка со него. Но, тоа е дел од неговата личност. Го победивме двапати. Имаше и многу нерешени резултати“, изјави Венгер.